Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НА НАШЕ БАРАЊЕ ИЗВРШЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, КОНСТАТИРАНИ НИЗА НА НЕПРАВИЛНОСТИ, А ССМ И ДИТ СО ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА ВРАЌААТ НА РАБОТА 70 ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЦИ

Денеска, претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Слободан Трендафилов од ССМ остварија средба со текстилните работнички од Богданци на кои незаконски им престана работниот однос, за да ги информираат за конкретните мерки кои беа преземени од страна на ССМ и кои резултираа со инспекциски надзор и констатирани неправилности. На средбата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов.

Седумдесет вработени во Бребо-еко текст од Богданци со манипулација од страна на работодавачот биле принудени да потпишат бланко листови со кои потоа им бил трансформиран работниот однос од неопределено на определено време, врз основа на што им престанале Договорите за вработување.

ССМ застана во заштита на текстилните работничките и беа преземени сите мерки против работодавачот, кој во овие исклучително сложени услови со манипулација и подметнување остави без егзистенција повеќе од 70 текстилни работнички и нивните семејства.

Во соработка со Директорката на Државниот инспекторат за труд, веднаш беше извршен вонреден инспекциски надзор во БРЕБО ЕКОТЕХ во кој е констатирана состојба спротивна на Закон и повреда на законските права на работниците, односно инспекторите изготвиле записник и го задолжиле работодавачот да ги отстрани неправилностите и недостатоците при работењето на тој начин што е задолжен во рок од 3 дена да донесе правен акт со кој ќе ги поништи донесените решенија за престанок на важноста на Договорите за вработување на определено работно време, сите од 27.02.2021г. и со сите 60 (шеесет) работници да склучи Договор за вработување и да им обезбеди работа согласно истиот, а при надзорот е констатирано дека 254 работниците немаат склучено друг Договор за вработување и немаат потпишано Анекси на договорите за вработување после 27.11.2020 година.

Сметаме дека согласно член 259 од ЗРО кога инспекторот ќе затекне непријавени работници, како што инспекторот констатирал „ Не е спорно дека раработниците немаат склучено друг Договор за вработување и немаат потпишано Анекси на договорите за вработување после 27.11.2020г.“, дека работничките во моментот на надзорот немале договори за вработување, треба да го задолжи работодавачот да склучи со нив договор за вработување на неопределено време и да несмее да отпушта од работа во период од 3 месеци.

Важно е дека ДИТ и ССМ за ваквите пријави од работниците за присила и манипулација од работодавачот, ќе поднесат и пријави до надлежен јавен обвинител.

Повторно се покажа дека добрата соработка помеѓу ССМ и ДИТ, дава ефикасни резултати, а работниците единствено преку ССМ, брзо и ефикасно, остваруваат заштита на нивните работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.