Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЗР

Слика 1. Национална конференција за БЗР

На ден 2.3.2017 година во организација на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во рамките на Проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина- Основно човеково право“, се одржа национална конференција за „Функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите“.

Целта на националната конференција е да се подигне свеста за придобивките од бипартитниот дијалог во компаниите и улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни за тоа како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа.

Учесниците на конференцијата разгледуваа повеќе теми во 3 работни сесии. На првата работна сесија насловена „Социјалните партнери во врска со идните предизвици за спроведувањето на бипартитниот БЗР дијалог- како ќе обезбедиме подобрување на дијалогот во македонските компании„ свои обраќања имаа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров и претставникот од МТСП, Ленче Коцевска.

Во рамките на своето излагање, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски укажа на повеќе значајни аспекти и активности кои ги спроведува ССМ во рамките на имплементирањето на измените и дополнувања на законот за БЗР, потребата од регулирање на оваа материја во колективните договори, потребата од субвенционирање на мерки кон работодавачите за поттикнување на процесот на имплементирање на законот, потреба од едукација на социјалните партнери за зголемување на капацитетите и подигнување на свеста во општеството за заштита на ова основно човеково право за безбедни и здрави работни места.

На втората и третата сесија свои обраќања имаа Милан Петковски, МЗЗЗПР, Ана Шијаковиќ, Европско здружение на инженерите за безбедност, Цветан Ковач, Хрватска пошта, Загреб, проф. д-р Елисавета Јасна Стикова, Институт за јавно здравје, Аљајдин Хавзиу, ДИТ, како и претставници од компании.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.