Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Надзорен одбор

Членови на Надзорниот одбор  на ССМ и заменици на членовите

  1. Милорад Влаховиќ - Македонски полициски синдикат (МПС)

  2. Наташа Граматниковска - Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

  3. Славица Чадиновска - Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ)

  4.  

  5. Mуарем Поцеста - Самостоен Синдикат на работниците од         енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ)

 

Заменици на членовите на Надзорниот одбор на ССМ:

 

1. Васил Костов - Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)

2.        

3. Елизабета Величковска - Синдикат на поштенските и       телекомуникациските  работници на        Македонија (СПТРМ)

4.

5. Дејан Петровски - Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)

 

Надзорниот одбор врши надзор и контрола во остварувањето на политиката на финансирањето на ССМ, распределбата и употребата на материјално-финансиските средства со кои располага ССМ.

Надзорниот одбор се состои од 5 члена и 5 заменици кои ги избираат   синдикатите согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Надзорниот одбор, а Конгресот врши  верификација.

Врши контрола и ревизија на вкупното финансиско работење, примената на одлуките, правилникот, податоците на книговодствената евиденција за прибирање и користење на средства. За извршената ревизија се составува записник и истиот се доставува до органите на ССМ.

Надзорниот одбор има право и без претходно најавување да изврши контрола на финансиското работење.

Органите на ССМ се должни да овозможат увид во документацијата со која се докажува правилноста на целокупното материјално и финансиско работење.

Надзорниот одбор учествува во работата на Конгресот и поднесува извештај за својата работа.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.