Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворената седница на ЕСС

Денес, во рамките на концептот за јакнење на препознатливоста и репутацијата на Економско- социјалниот совет, како и презентирање во јавноста на реализираните активности за унапредување на ЕСС и Годишната програма за работа на ЕСС, се одржа Отворена седница на Економско- социјалниот совет. На седницата присуствуваа претседателот на ЕСС, министерот за труд и социјална работа, Ибрахим Ибраими, како и членовите на ЕСС, претставници на социјалните партнери. Присутни членови на ЕСС од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија беа д-р Живко Митревски, претседател на ССМ, и Роберт Симоноски, претседател на ССЕСМ.

Отворената седница се одвиваше во неколку делови, првиот дел опфаќајќи воведни дискусии од страна на претседателот на ЕСС, министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибраими, и заменик- претседателите на ЕСС, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. По воведните дискусии од страна на членовите на ЕСС, претставникот на секретаријатот на ЕСС ја презентираше Годишната програма за работа на ЕСС. Исто така, на отворената седница, беа претставени и сите досегашни активности поврзани со функционирањето на ЕСС, спроведени во рамките на Проектот: „Унапредување на социјалниот дијалог“.

Отворената седница беше заокружена со дискусија на членовите на ЕСС, како и кратки изјави за медиумите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.