Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ НЕДЕЛИТЕ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ

НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ НЕДЕЛИТЕ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ - Дарко Димовски, Претседател на ССМ во интервју за Слободен печат

Според сегашниот Закон за работни односи, во неделата мора да има еден ден на неделен одмор, но тоа не мора да биде недела. Ако се работи во недела, ниту според законот, ниту според колектовните договори, следува додаток на дневница.

Токму ваквото законско решение досега им овозможуваше на работодавачите да ја третираат неделата како обичен работен ден, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Но, оттаму уверуваат дека новата регулатива, на која инсистираат, ќе стави крај на злоупотребите на неделите, односно неделата ќе биде неработен ден за сите, освен за строго дефинирани дејности и тоа со дополнително плаќање.

– На средбите со Владата и со работодавачите инсистираме точно да се знае во кои дејности ќе може да се работи во недела. Сега се договоривме за 34 дејности и тие треба да влезат во законската регулатива. На тој начин, треба да се оневозможат злоупотребите од страна на работодавачите, односно да се работи само во оние дејности каде што навистина производниот процес, или пак, потребите на општеството, тоа го бараат како неопходност. Но и дури да е неопходна работата во неделите, таа мора дополнително да биде платена – објаснува за „Слободен печат“, Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Повеќе прочитајте на

https://www.slobodenpecat.mk/dimovski-nema-da-mozhe-da.../

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.