Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

НОВА АЛАТКА ВО БОРБАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА -МОЖНОСТИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НА ТРУДОТ-

Слика 1. Пријави работа на црно

ССМ во рамките на својата програма  за остварување и реализирање на работничките права и на работното законодавство во текот на изминатиот период превземаше низа активности.

Ваквите активности се реализира како преку синдикатите здружени во ССМ, така посебно и преку регионалните синдикални претставништва и синдикални канцеларии во содејство со правните застапници на ССМ.

Со цел да се унапреди соработката помеѓу социјалните партнери во Р. Македонија и Државниот инспекторат на трудот,  во знак на остварување на горенаведената цел, ССМ заедно со социјалните партнери на 24.02.2016 година потпиша Мултилатерален договор со државниот инспекторат на труд.

Договорот е наменет за унапредување на соработката  со Државниот инспекторат на труд во однос на анализа, осмислување, креирање, спроведување и мониторирање на политиките за спречување на непријавената работа. Целта е да се обединат и координираат напорите во подобрување на делнувањето во однос на непријавената работа преку размена на податоци и идеи за справување со непријавената работа. Борбата против сивата економија, според меморандумот, вклучува осмислување и давање предлог мерки за нејзино намалување, меѓусебна соработка, размена на податоци и подигање на свеста за придобивките кои ги носи пријавената работа на своите членки и пошироката јавност, како и договарање на интервенции на ниво на сектори, на национално и на локално ниво во однос на справувањето со непријавената работа.

Според претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски,  овој меморандум за соработка со Државниот инспекторат на труд, претставува можност но и нов инструмент и алатка за справување со непријавената работа и сивата економија.

ССМ ги охрабрува и поттикнува своите членови и работници и граѓани, активно да се вклучат во борбата против работата на црно, односно непријавената работа и сивата економија и да дадат свој допринос користејќи ги можностите кои ги дава овој меморандум.

Меморандумот ја овозможува соработката со државниот инспекторат на труд и за други прашања кога станува збор за повреда на работничките права па од таму и потребата истиот масовно да се искористи и во Државниот инспекторат да се пријавуваат сите повреди на работните права и неправилности со цел истите превентивно да се спречат и елиминираат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.