Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Нови норми за репрезентативност на синдикатите

 

На денешната презентација во Стопанската комора на Македонија беа изнесени Нацрт – измените на Законот за работни односи, во делот на синдикатите и на работодавачите. Мотив се барањата на Меѓународната организација на трудот и на други меѓународни институции за средување на социјалниот дијалог во Република Македонија.

Според предлозите репрезентативен синдикат на национално ниво треба да има најмалку 10 отсто од вкупниот број вработени во државата, со плаќана членарина. Синдикатот треба да здружува најмалку три синдикати од различни сектори (гранки или дејности), да има членки во најмалку една петтина од општините и да има синдикати кои потпишале најмалку три колективни договори на ниво на сектор.

Репрезентативен синдикат на ниво на сектор (се брише терминот стопанска гранка или дејност), пак, треба да има зачленето најмалку 10 отсто од вработените, кои исто треба да плаќаат членарина. Втор услов е во регистарот на Министерството за труд да се евидентирани најмалку 15 отсто од вработените во гранката.

Претставниците на синдикалните организации, ССМ, УНАСМ, КСС и КСОМ, побараа време за меѓусебни консултации, со цел да се донесат ставови за дополнување и менувањето на законот во делот на синдикатите и на колективното договарање, за што е одреден е рок од 15 дена.

Претставниците на Министерството за труд истакнаа дека се отворени различни можности за избор на модел на пребројување на членството. На синдикатите останува да седнат на една маса и да понудат функционален модел за утврдување на репрезентативноста.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.