Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА ЗА БЗР НА СХНМ

Во насока на информирање и целосно оспособување на синдикалното членство и синдикалните раководства за улогата и значењето на здравите и безбедни услови за работа и потребата од нивно континуирано унапредување и подобрување согласно европските и светските стандарди, Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ) во Охрид одржа семинар на тема: "Улогата на преставникот за БЗР и синдикалниот преставник Несреќи при работа Економски аспекти на БЗР" со предавач м-р Снежана Јанкова Петковска и на  накоја свое активно учество имаа  38 синдикални претставници.

Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ) посветено работи на запознавање на синдикалните претставници и членовите на синдикатот  со улогата на преставникот за БЗР и синдикалниот преставник за Несреќи при работа и БЗР.

Здравите и безбедни услови за работа за работниците се приоритет во ангажманот Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ).

Во прилог галерија:

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.