Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА ЗА КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ, ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМОВИ, ОПФАТ И ВАЖНОСТ НА КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ

Слика 1. Претседателот на ССМ, Митревски на дводневната работилница

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во рамките на Проектот: „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Меѓународната организација на труд, одржа дводневна работилница, со посебен фокус на градењето ставови во однос на Општиот колективен договор за приватниот сектор, колективното договарање во целина, како и  градење вештини за колективно договарање кај тимот за преговарање, врз основа на подготвениот прирачник за колективно договарање.

Процесот на колективното преговарање и договарање  е најзначајна  тема во функционирањето на синдикатот и синдикалното движење. Зајакнувањето на капацитетите  на социјалните партнери и барање на нови начини за проширување на колективното  преговарање и договарање  во приватниот сектор беше тема на работилницата организирана од  ССМ.

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски истакна: Самиот факт што во Р Македонија посебно во индустриските зони нема колективни договори доволно не обврзува како Сојуз на синдикати на Македонија како најголема синдикална  федерација  во РМ членка на европската и светската конфедерација на синдикати уште од 2013 година ја реализираме агендата која ја имаме во рамки на европскиот социјален модел  кој фокусот го става на делот на зголемувањето на густината на колективното преговарање.

Досегашните искуства покажуваат дека преку синдикалните организации  работниците може да добијат колективна заштита и да се борат за нивните интереси и права, и токму затоа идните активности на ССМ ќе бидат насочени кон зацврстување и проширување на синдикатот во приватниот сектор.

Во рамките на работилницата беше промовиран и Водичот за колективно преговарање и градење на вештини за колективно договарање. Публикацијата е изготвена во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, проект финансиран од ЕУ, а спроведуван Меѓународната организација на трудот со цел да го поттикне колективното договарање и да се воспостави механизам за мирно решавање на работните спорови.

Слика 2. Присутни на работилницата

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.