Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 ми Април, од 19-21.04.2019та се одржа обука за претставници на вработените за безбедност и здравје при работа организирана од страна на СГИП и BWI. На обуката покрај примарната цел, а тоа е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА ВО КОМПАНИИТе, се направи и компаративна анализа на домашното законодавство од областа на БЗР и Директивата на ЕУ 89/391. Овие обуки покрај стручно досоовршување на претставниците на вработените, имаат за цел да разменат и добри пракси кои ќе бидат предлог во Законот за безбедност и здравје при работа. Покрај претставници од СГИП, Предавач беше Проф.Д-р Лазар Јовевски. На обуката се спроведе и кампањата на СГИП и BWI за 2019та година. СИНДИКАТИТЕ ЈА ПРАВАТ РАБОТАТА БЕЗБЕДНА. ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА СПАСУВААТ ЖИВОТИ. БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА Е ОБВРСКА НА СИТЕ!

Ова е само уште една обука од редовните на СГИП кои допринесуваат за подобрување на условите за работа како и размена на добри пракси кои ќе помогнат во понатамошните измени и дополнувања на Законот за Безбедност и здравје при работа, изјави Заменик Претседателот на СГИП, Г-дин Иван Пешевски.

Слика 1.Постер на СГИП

Слика 2. Постер на BWI 

Слика 4. Учесници на работилницата

Слика 5. Учесници на работилницата

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.