Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, 28МИ АПРИЛ

27.4.2018

Сојузот на синдикатите на Македонија, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, 28ми Април, денес, 27.4.2018 година одржа Конференција на тема: „Активности за унапредување на безбедност и здравје при работа“.

На конференцијата присуствуваа претставници на социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, директорот на Државниот инспекторат за труд, г. Аљајдин Хавзиу, претставници од организациите на работодавачи, Бизнис конфедерацијата на Македонија, претставници на синдикатите здружени во ССМ, членовите од синдикатите во Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Ристо Ајтов и Роберт Симоноски, претставници на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, како и директорот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски.

Во своето обраќање на конференцијата, директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу истакна дека ја поздравува соработката помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд, нагласувајќи дека истата во иднина ќе биде интензивирана, сѐ со цел унапредување на работничките права во делот на безбедноста и заштитата при работа.  

На оваа конференција исто така беа презентирани активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на обезбедување на безбедни и здрави работни места, како и активностите на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, (СГИП).

Фото галерија од настанот

 

 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.