Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖАНИ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ АД „ДИМКО МИТРЕВ“- ВЕЛЕС

31.5.2017

Слика 1: Претседателот на ССМ и претставниците на синдикатот на прославата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Р. Македонија (СТКЧ), Љупчо Радовски, присуствуваа на прославата по повод одбележувањето на 70 годишнината од постоењето на АД „Димко Митрев“- Велес.

На прославата свое свечено обраќање имаа Генерален извршен директор Атанас Киров и претставникот и мнозински сопственик во фирмата „ШЕПАРД“- Шведска и мнозински акционер во АД „Димко Митрев“- Велес, г-дин Свен Бјоркман.

Слика 2: Обраќање на Генерален извршен директор, Атанас Киров

Од страна на синдикалната организација во АД „Димко Митрев“- Велес присуствуваше и претседателот, г-ѓа Сузана Чонева.

Во пригодна атмосфера и со присуство на домашни и странски гости од бизнис заедницата беше одбележан овој настан.

АД „Димко Митрев“ е компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи која успешно работи веќе седум децении. Таа е традиционално извозно ориентирана компанија која е присутна и на европските пазари повеќе од 40 години.

Покрај значајниот однос кон квалитетот на производството и застапеноста на еколошки стандарди, АД „Димко Митрев“, препознатлив е и по негувањето на социјалниот дијалог и добрата соработка со синдикатот, за што постои и потпишан колективен договор а за значајни прашања присутно е информирањето и консултирањето, за што посебно се грижи не само домашниот туку и странските партнери од Шведска.

Во овој контекст значајно е да се напомене корпоративната општествена одговорност што во целина ја има оваа компанија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.