Почитувани,
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани да ни се придружат на Синдикалниот марш кој го организираме по повод 1 – ви Мај – Денот на трудот.
Синдикалниот марш ќе отпочне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1–ви Мај 2019 година.
Мотото на Синдикалниот марш - “Не може да се одлучува за нас, без нас” ги обединува и претставува сите работници и граѓани.
Нашиот глас – гласот на работниците, поттикнува, бара и мотивира, но истовремено, обврзува, задолжува и предупредува.
Се залагаме за брза и ефикасна реализација на работничките приоритети:
Сојузот на синдикатите на Македонија инсистира да се делува во насока на побрза реализација и обезбедување на достоинство на трудот и работата.
Придружете ни се, заедно сме погласни и посилни!
Честит ден на трудот!