Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРВИ МАЈ СО СИНДИКАЛEН МАРШ - “НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС, БЕЗ НАС”

Почитувани,

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани да ни се придружат на Синдикалниот марш кој го организираме по повод 1 – ви Мај – Денот на трудот.

Синдикалниот марш ќе отпочне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1–ви Мај 2019 година.

Мотото на Синдикалниот марш -  “Не може да се одлучува за нас, без нас” ги  обединува и претставува сите  работници и граѓани.

Нашиот глас – гласот на работниците, поттикнува, бара и мотивира, но истовремено, обврзува, задолжува и предупредува.

Се залагаме за брза и ефикасна реализација на работничките   приоритети:

Договори за вработување на неопределено време;

Стоп за договорите на определено време подолго од 1 година;

Сабота и недела, денови на неделен одмор;

12 месеци породилно отсуство;

Минимална плата најмалку 13.800,00 денари;

Пораст на платите – платите да пораснат, младите да останат;

Регрес за годишен одмор за сите;

Стоп за зголемување на границата за пензионирање;

Здрави и безбедни работни места;

Стоп за мобинг и дискриминација;

Стоп за мешање во синдикалното организирање;

Унапредување на колективното договарање.

Сојузот на синдикатите на Македонија инсистира да се делува во насока на побрза реализација и обезбедување на достоинство на трудот и работата.

Придружете ни се, заедно сме погласни и посилни!

Честит ден на трудот!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.