Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одбележување на Светскиот ден на пристојна работа

Сојузот на синдикатите на Македонија во целост го прифаќа и се залага за спроведување на концептот на МОТ за пристојна работа. Концептот се заснова на потребата од обезбедување на  достоинствена работа  и целосна социјална сигурност и заштита на работниците, како предуслов за поголема продуктивност на трудот во компаниите и креирање на балансирани односи помеѓу работниците и работодавачите. Принципите на достоинствената работа се дел од статутарните и програмските задачи на ССМ, кој се залага за демократија, еднакви можности за сите и забрана за сите облици на дискриминација.

ССМ и оваа година посветено работи на остварување на Националната програма за пристојна работа 2019- 2022. Со своето учество во креирањето на Националната програма за пристојна работа, ССМ се заложи главни приоритети за наредниот период да бидат: подобро управување со пазарот на труд, повеќе и подобри работни места, креирање на стратегии и политики за вработување, пред сѐ на млaдите лица и социјално ранливите категории на населението, намалување на сиромаштијата, обезбедување на пораст на платите, како и еднакви плати за еднакво вреднувани работни места, зголемување на минималната плата во висина од 60% од просечната плата во државата, обезбедување на здрави и безбедни услови за работа, социјална сигурност, еднакви можности за сите без дискриминација, развивање на социјалниот дијалог и унапредување на колективното договарање.

Повеќе информации на следните линкови:

https://www.ituc-csi.org/WDDW19

https://www.etuc.org/en/pressrelease/world-day-decent-work-7-october-201...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.