Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одговор од ЕТУЦ за мерките на Европската Комисија

Одговарајќи на итните мерки на Европската комисија за Коронавирусот, Генералниот секретар на ЕТУЦ, Лука
Висентини изјави:
„Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејство или не се во состојба да работат заради коронавирусот, не треба да страдаат финансиски, па затоа синдикатите ја поздравуваат заложбата на Европската комисија да ги заштити работниците од невработеност и губење на приходите.
Комисијата мора да обезбеди финансиска помош за сите вработени, вклучувајќи ги и самовработените, како и оние прекарните кои воедно се и најранливи.
„Плановите на Комисијата да ги олабави своите правила за фискална и државна помош се од суштинско значење за поддршката на јавните услуги и компаниите погодени од кризата. Овие мерки мора да бидат донесени без одлагање од страна на министрите за финансии, кои ќе се состанат следната недела, а потоа ќе бидат имплементирани во целост од членките  држави “  
„Фондовите на ЕУ за инвестирање во заштита на работниците и компаниите од најлошите ефекти од кризата, треба да бидат на располагање на земјите-членки“.

Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Владата без никакво одлагање и без никакви промени,  итно одобрување на пакетот мерки предложени од Европската комисија, и истите да бидат имплементирани во Државата како приоритетни мерки за кои што ќе биде известена Европската комисија и Европската конфедерација на синдикати.

Link:

https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_20_459

https://www.etuc.org/en/pressrelease/etuc-eu-response-economic-impact-co...

 

Со почит,

 

Сојуз на синдикатите на Македонија
Бул. 12та Македонска Бригада 2а,
1000 Скопје, Македонија
тел. +389 2 3161 374

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.