Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДГОВОР ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ М-Р ДАРКО ДИМОВСКИ НА ПИСМАТА ОД ИТУЦ И ЕТУЦ

Изненаден и загрижен сум од Вашата реакција и писмо кое на 16.08.2017 година, сте го испратиле до Претседателот на Владата на Р. Македонија и до Министерката за труд и социјална политика на Р. Македонија.  Пораките во Вашето писмо се засноваат на еднострано известување од страна на поранешниот претседател Живко Митревски, а воопшто не се земени во предвид материјалните докази и факти кои доведоа до неговото законско и статутарно разрешување од функцијата Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во оваа прилика сакам да Ве известам и уверам дека Живко Митревски е променет согласно Статутот на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница на Советот на ССМ како највисок орган помеѓу два Конгреса на 13.11.2016 година со присуство на мнозинството членови на Советот на ССМ заверено со потписи.

Врз основа на таа седница на Советот на ССМ Техничкиот Министер за труд и социјална политика издаде Решение со кое се врши промена на лицето овластено за застапување на ССМ и за претседател на ССМ  се впишува Дарко Димовски меѓутоа Централниот регистар на Република Македонија не постапуваше     по истото по што започнаа политички игри со што се блокираше процесот на впишување на Дарко Димовски за претседател на ССМ.

Сценариото на тогашната власт  и на Живко Митревски беше да го спречи уписот на новиот Претседател Дарко Димовски во Централниот регистар на РМ и целиот процес да биде предаден во судските лавиринти.

Морате да го имате во  предвид фактот дека согласно извештајот на ЕУ за работата на судовите во Република Македонија, судството е партизирано и под влијание на тогашната партија која беше на власт.

На Решението од Министерот за труд и социјална политика  Живко Митревски  не поднесе жалба согласно Закон со што тоа Решение стана правосилно и извршно.

Со доаѓањето на Ибрахим Ибрахими за министер за труд и социјална политика  кој беше Министер од поранешната власт истиот го поништи Решението на предходниот Министер заради што доби и Кривична пријава.

Ако станува збор за кршење на Конвенцијата на МОТ бр.87 Ве уверуваме дека тоа го направи Ибрахим Ибрахими како Министер за труд со цел да се создаде хаос во синдикалното движење во Република Македонија.

Во периодот кога е поништено Решението на Министерот за труд од страна на Ибрахим Ибрахими, Живко Митревски нелегитимно со помош на тогашната власт нестатутартно исклучи 4 грански синдикати.

Со доаѓањето на новата власт иницијаторите односно 4 Грански синдиакти СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ и АГРО  побараа прием кај новиот Министер за труд и социјална политика со барање да се прогласи за ништовно Решението на Министерот Ибрахими бидејќи истото е незаконско и спротивно на Статутот на ССМ.

По повеќе дневна анализа, согледувања на доставените докази и документација, актуелниот Министер за труд и социјална политика  го прогласи за ништовно Решението на Ибрахим Ибрахими со што се отвори простор за Централниот регистар да може да го впише легитимно избраниот в.д. Претседател на ССМ Дарко Димовски како лице овластено за застапување на ССМ кој согласно Статутот на ССМ е должен за краток временски период да свика вонреден Конгрес и синдикатите да изберат нов Претседател на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.