Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАН 11ТИ СОСТАНОК НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ИТУЦ ПЕРК

19.4.2017

На 19.4.2017 година, во Брисел се одржа 11тиот состанок на Извршниот Комитет на ИТУЦ ПЕРК, каде што покрај членовите на ИК, присуствуваа и генералниот секретар на ПЕРК и генерален секретар на ЕКС, Лука Висентини и генералниот секретар на ИТУЦ, Шаран Бароу.

На состанокот беа разгледувани повеќе точки поврзани со работата на ИТУЦ ПЕРК, документите околу планирањето и известувањето на ПЕРК, мултинационалните компании и синџири на снабдување, новини во ЕУ соседските политики, извештајот за активностите на ПЕРК, активностите на Комитетот на жени и млади на ПЕРК, финансиските активности, Предлог работниот план за 2017, како и состојбите со синдикалните права, со акцент во Казахстан и Турција.

На состанокот беше усвоена и Резолуција за миграција и се дискутираше за номинациите во Управното тело на МОТ, како и одржувањето на европска регионална средба на МОТ.

Слика 1. Претседателот Митревски на состанокот на ИК

На Извршниот Комитет на ПЕРК, како член на истиот, присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, кој во делот на Резолуцијата за миграцијата, осврнувајќи се на миграцискиот бран и ангажманот на Република Македонија, како и штетите претрпени посебно во железница и проблемите произлезени во делот на неисплата на плати во тој сектор, предложи и дополнување на Резолуцијата во активностите на ПЕРК, кои ќе бидат во насока на спроведување на активности, со цел обезбедување на финансиските средства кои Европската Унија и останатите финансиски институции ги обезбедија како помош на земјите кои беа на удар на миграцискиот бран.

Исто така, во делот на обезбедување на синдикалните права и слободи, претседателот Митревски даде краток осврт на состојбата и обидот што беше направен од страна на техничката министерка Ременски за промена на легитимното раководство на ССМ избрано на 19тиот Конгрес, изразувајќи посебна благодарност на ИТУЦ и ЕТУЦ за поддршката која ја доби ССМ во справувањето со овој насилен обид.

Од страна на Извршниот Комитет на ИТУЦ ПЕРК беше утврдена и листата за претставници од вработените во Управното тело на МОТ, а беа усвоени и документите од дневниот ред.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.