Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одржан 14тиот Конгрес на ХАК ИШ

Слика 1. Претседателот на Хак Иш, Махмут Арслан со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Во периодот од 9-11.7.2019 година, во Анкара се одржа 14тиот Конгрес на втората најголема синдикална конфедерација во Турција, Хак Иш, на која повторно беше избран претседателот Махмут Арслан.

На Конгресот како претставник на ССМ, присуствуваше Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, кој оствари повеќе работни средби со колегите од синдикатите од Европа и пошироко.

Секретарот на ССМ, на состанокот со претседателот Махмут Арслан, уште еднаш ја потенцираше поддршката и пријателството помеѓу овие две организации и беше договорена заедничката соработка во следниот период.

Слика 2. 14ти Конгрес на Хак Иш

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.