Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАН ФОРУМ- РАБОТА ВО ИДНИНА- ИНИЦИЈАТИВА ПО ПОВОД СТОГОДИШНИНАТА НА МОТ

29.3.2017

Слика 1. Отворање на Форумот- работа во иднина

Економско социјалниот совет на РМ во содејство со Меѓународната организација на трудот, а во контекст на иницијативата по повод стогодишнината на МОТ одржа форум посветен на едно од најзначајните прашања поврзано со иднината на трудот.

Форумот работеше на 2 панели, а истиот го отвори г. Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика на Република Македонија и г. Антонио Грациози, директор на МОТ за Централна и Источна Европа.

Слика 2. Присутни на настанот

На панелите свое обраќање имаа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров, претседателот на БКМ, Миле Бошков, заменик на претседателот на Владата на РМ, Маја Бариќ, Марјан Петрески, профeсор, Никица Кусеникова, Здружение Конект, Лазар Јовески, професор по трудово право, Ленче Коцевска, државен советник, МТСП.

Слика 3. Претседателот Митревски во своето обраќање на Форумот

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски имаше посебно обраќање во делот на предизвиците со кои се справуваат синдикатите, во делот на сѐ поголемиот притисок кој се случува врз стандардните работни односи, како и утврдување на предлог стратегии околу идниот правец на обезбедување на сигурни работни места, градење на стратегии против нестандардните форми на вработување, зајакнување на застапувачката позиција на синдикатите, поттикнување на процесот на колективно преговарање и склучување на КД, како и отворање на широки можности за реализација на европскиот социјален модел во РМ.

Во фокусот на активностите на ССМ беше уште еднаш посочен Протоколот за социјален напредок кој во неколку сегменти предвидува борба против нестандардните работни односи, намалувањето на временскиот период за работа на договорите на определено работно време, поттикнување на соодветни решенија за унапредување на процесот на колективно преговарање и зголемување на платите и минималната плата во РМ.

Во своето излагање претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски укажа и на значењето на остварувањето на концептот на пристојна и достоинствена работа и потребата од вложување во одржливи работни места, сигурна работа, обезбедена социјална заштита и инклузивен раст.

Во борбата против се присутните обиди на дерегулација на трудот и т.н. процес на спалување на прописите, претседателот Митревски посебно го потенцираше значењето на синдикатите и социјалните партнери во функционирањето и владеењето на правото во спроведување на она што го договориле работниците и работодавачите како еден од патоказите кој ќе ја обезбедува сигурноста на работните места и трудот како и прашањето околу партиципативната улога на социјалните партнери во креирањето на економските и социјалните политики.

Слика 4. Панелистите на Форумот со директорот на МОТ, Антонио Грациози

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.