Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ГРУПА 10 BWI ВО СКОПЈЕ

На ден 04.09.2019та година во “Хотел Парк” - Скопје се одржа состанок на Група 10 при Светската организација за градежништво и дрвна индустрија BWI на која учество земаа 25 претставници од синдикатите на Македонија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија како и високи претставници од BWI. Со состанокот претседаваше Заменик Претседателот на СГИП, Иван Пешевски како член на Светскиот совет за група 10 на BWI. Овој состанок имаше за цел да се видат сите реализирани активности на синдикатите од регионот како и да се договорат активностите за наредните две години. Од дневниот ред се расправаше за спроведените кампањи, стратешките реформи на синдикатите со посебен акцент на подмладување во раководствата на синдикатите, предизвиците со кинеските мултинационални компании и инфраструктурни објекти, колективното преговарање и потпишување на колективни договори на сите нивоа, организирање на академии за млади синдикални лидери, активности во врска со безбедност и здравје при работа и останати теми тесно поврзани со синдикалното организирање и делување.

Заменик Претседателот на СГИП со  Генералниот Секретар на BWI, Г-дин Ambet Yuson, Директорот за шумарство и дрвна индустрија за Европа на BWI, Г-дин Coen Van Deer Veer и Претседателот на синдикатот за градежништво Yol-Is од Турција, Г-дин Рамазан Агар

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.