Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одржан состанок помеѓу СУТКОЗ, МОТ и HoReCa Industry

Денес се одржа онлајн состанок помеѓу претставниците на ХоРеКа Индустрија и претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски на кој присуствуваа и претставниците на Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот во Скопје.

На денешниот состанок се дискутираше за состојбите во секторот угостителство и туризам како едни од најпогодените сектори од пандемијата со корона вирусот и можноста за воведување ваучери за гарантирање на статусот на работниците од овие сектори кои во текот на сезоната се ангажираат да работат на црно, со што би се спречила неформалната економија, а овие работници за периодот за кој ќе бидат ангажирани со ваучер системот ќе добијат загарантирана плата и платени придонеси од задолжително социјално осигурување.

СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат и во услови на панедмија води сметка за заштита и унапредување на работничките права.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.