Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА 106ТА СЕДНИЦА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МОТ

Слика 1. Претставници на социјалните партнери на РМ

Социјалните партнери на РМ, од 13-16 јуни 2017 година во Женева присуствуваа на Генералната конференција на МОТ, во трипартитен состав, составен од претставници на Владата на РМ, преставена од министерот за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров и генералниот секретар на КСС, Зоран Антовски.

Слика 2. Обраќање на министерот за труд и социјална политика, г- ѓа Мила Царовска

Свое обраќање на оваа 106та седница на Меѓународната конференција на МОТ имаше и министерот за труд и социјална политика, г- ѓа Мила Царовска, која се обрати пред присутните делегати.

На оваа седница беа разгледувани повеќе активности и извештаи на органите и телата на МОТ, беше усвоен извештајот за работењето на МОТ, како и финансиското работење, а беа разгледувани и извештаите на претседателите на групите на влади, работодавачи и групата која ги претставува работниците.

Извештајот на работничката група го поднесе г- динот Кортебек, претседавач на работничката група кој се осврна на Извештајот на „работа во променлива клима- Зелена иницијатива, нагласувајќи ги предизвиците со кои се соочуваме во животната средина, поддржувајќи ја идејата дека клучните столбови за успешна транзиција е соодветна регулатива преку трипартитно учество на социјалните партнери. Во овој дел претседавачот на работничката група ја потенцираше и обврската на МОТ за справување со нееднаквостите и создавањето на пристојни работни места.  

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.