Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА 108ТА СЕДНИЦА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ ВО ПАЛАТАТА НА НАЦИИТЕ ВО ЖЕНЕВА

21.6.2019

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонијам, Дарко Димовски, како и делегации од Министерството за труд и социјална политика, и работодавачите од Македонија присуствуваше на Меѓународната конференција на трудот во Палатата на нациите во Женева, Швајцарија, на која истовремено се одбележа и 100-годишнината на Меѓународната организација на трудот.

На Конференцијата на која присуствуваа претставници од над 180 земји, свои обраќања имаа и бројни претседатели на држави и премиери, меѓу кои претседателите на Италија, Франција, премиерите на Русија, Словенија, Србија, Германија и др.

Од своето основање, па сѐ до денес, МОТ има исто начело- траен мир преку социјална правда. Ова беше потенцирано и од страна на бројните говорници на овогодинешниот собир. Канцеларката Меркел истакна дека е потребен социјален мир, фер услови за работа и достоинство за сите работници. Истото го потенцираше и претседателот на Франција, Макрон, кој порача дека е време за нов социјален поредок, кој вклучува минимална заработка и социјална заштита. Премиерот на Русија, Медведев им порача на присутните дека потребна е зајакната соработка и социјален мир кој ќе биде во согласност со новите предизвици на технолошките револуции, вештачката интелегенција и дигиталната ера.

Слика 1. Усвојување на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето при работа (бр. 190)

Конференцијата на МОТ заврши со усвојување на клучната Конвенција за елиминирање на насилството и вознемирувањето при работа (бр. 190), како нов меѓународен стандард на трудот.

Во рамките на Конференцијата на МОТ, претседателот на ССМ, Димовски оствари бројни работни средби со неговите колеги од регионот и Европа на кои беше дискутирано за состојбите и предизвиците на синдикалното движење.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.