Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Одржана 12тата Летна Школа на ПЕРК

Слика 1. 12та Летна Школа на ПЕРК

Во периодот од 9-11.7.2019 година, во Будимпешта се одржа 12тата Летна Школа на ПЕРК на која присуствуваа лидерите на синдикатите од Европа. Со оваа Школа претседаваше претседателот на ПЕРК, Иракли Петријашвили, а присуствуваа и генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини и заменик генералниот секретар на МКС, Овен Тудор.

За време на оваа Школа, која е редовна активност на ПЕРК, лидерите на синдикатите ги презентираа активностите на своите организации, како и отворија широка дискусија по однос на приоритетите на меѓународните организации по одржаните конгреси на МКС и ЕКС во Копенхаген и Виена.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ги презентираше активностите на ССМ во овој период, со посебен акцент на подготовката на новиот Закон за работни односи, за што доби и отворена поддршка од европските синдикални организации во процесот на преговори и носење на овој значаен закон за работниците. Исто така, за време на оваа Школа беше договорено и присуството на претставници на Европската конфедерација на синдикати на настаните кои ќе бидат организирани од страна на ССМ за носење на подобар Закон за работни односи во следниот период.   

Претседателот на ССМ оствари и поединечни работни средби со претставници на ЕКС, МКС и ПЕРК на кои подетално беше дискутирано за состојбите во ССМ и синдикалното движење. Исто така, претседателот Димовски ги информираше претставниците на меѓународните организации и за претстојниот Конгрес на ССМ кој ќе биде спроведен согласно правилата по кои беа спроведувани и Конгресите на ЕКС и МКС.

Ова е дополнителна потврда на активностите на ССМ, како на домашен, така и на меѓународен план.   

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.