Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА НА МКС „СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ВО СВЕТОТ НА ТРУДОТ“

6.3.2018

Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на жени при ССМ денес одржаa Конференција за поддршка на Кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати и активно се вклучиja во глобалната активност за поддршка на Конвенцијата и Препораката на МОТ за „Спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот“.  Кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати има за цел: да се изгради критична маса за поддршка за усвојување на Конвенцијата на МОТ со Препораката за „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот “, со посебно внимание на родовата димензија на насилството и да се мобилизираат и зајакнат синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство во светот на трудот.

Конференцијата ја отвори претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска, а на истата присуствуваа членовите на Секцијата на жени од сите грански синдикати здружени во ССМ, претставници од социјалните партнери, Министерството за труд и социјална политика, Влада на РМ, Организација на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерација на Македонија, Меѓународната организација на трудот, Фондација Фридрих Еберт, Унија на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) и др.

Со оваа Конференција, ССМ се приклучи кон Кампањата и лобира до Владата на Република на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија за да го поддржат усвојувањето на Конвенцијата на МОТ со Препораката за „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“, на 107-та седница на Конференцијата на МОТ, која ќе се одржи во јуни 2018 година.

Фото галерија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.