Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНА ПЛАТФОРМА

 

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на конференцијата

 

На 29ти јуни 2016 година во Сараево се одржа конференција по повод отворањето на регионалниот проект Платформа за вработување и социјални работи, организирана од страна на Советот за регионална соработка и Меѓународната организација на трудот, со поддршка на Генералниот директорат за вработување, социјални работи и инклузија на Европската комисија.

 

Целта на оваа конференција беше да се дискутира по однос на прашања кои се приоритет на политиката поврзана со вработувањето и пазарот на работна сила во Западен Балкан, поттикнување на вработувањето на младите - главен предизвик и можност за иднината на Западен Балкан, како и подоброто управување на пазарот на трудот.

 

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров и заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими учествуваа во панел дискусиите, каде претседателот на ССМ посебен осврт стави на организирањето на ефективен социјален дијалог кој успешно обезбедува креирање на порационални политики на пазарот на трудот. Во овој контекст беше споменато и значењето на примената на концептот на „пристојна работа“ во креирање на политиките на пазарот на трудот, како и напредокот направен во делот на подобрување на вклученоста на локалната самоуправа во креирање на политиките на пазарот на трудот преку формирање на локалните економско- социјални совети.

 

Од страна на заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими беа презентирани мерките на вработување на младите лица, додека пак специфичните активности и вклученоста на Организацијата на работодавачи беа презентирани од страна на претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.