Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА РСС СОЛИДАРНОСТ

9.7.2017

Слика 1. претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески

РСС Солидарност во кој членуваат репрезентативни синдикални сојузи и федерации од поранешна Југославија на 9.7.2017 година во Сараево ја одржаа својата пленарна седница. Покрај извештаите на учесниците за работењето и активностите на синдикатите во матичните држави, беше разгледувана и анализата за оцената на работата на социјално- економските совети во регионот, од перспективите на синдикатот.  Во анализата утврдени се прашањата поврзани со основањето на ЕСС, функционирањето, препреките и потенцијалите, односот помеѓу ЕСС и локалните самоуправи, а беа утврдени и повеќе заклучоци во однос на функционирањето на ЕСС во регионот.

Посебно беше укажено на потребата од страна на владите да го поттикнуваат и доследно да го почитуваат составот и начинот на функционирањето на ЕСС, да се засили потребата од доследно почитување на ставовите и на мислењата на синдикатите по однос на измени и дополнувања на законите, доследно да се почитува репрезентативниот состав на учеството во синдикатите и да се поттикнува потребата од финансиска поддршка на советите од страна на владите.

Претседателите на синдикатите членки на РСС Солидарност, по однос на извештаите на претставниците на ССМ и КСС, јасно и недвосмислено ја изразија поддршката во функционирањето на ЕСС во РМ, доследно да се почитува Законот за работни односи, Деловникот за работа на ЕСС и Спогодбата за формирање, јасно укажувајќи дека во работењето на Советот треба доследно да се почитуваат ставовите и одлуките на репрезентативниот состав на членувањето во ЕСС.

Претставници од ССМ беа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески, а РСС Солидарност имаше и заеднички состанок со владите каде што се зборуваше за перспективите на дуалнто образование и за начините и формите за вклученост на синдикатите во овој процес.

Истовремено на оваа пленарна седница беа утврдени и заедничките ставови кои беа презентирани на 6тиот форум на Западен Балкан, организиран од страна ЕКОСОК, кој исто на 10ти јули 2017 година се одржуваше во Сараево. Заклучоците беа во смисла дека синдикатите виз-а-виз невладините организации се основните носители на социјалниот дијалог и истите, застапувајќи го членството, го реализираат на институционален начин процесот на социјален дијалог и процесот на колективното преговарање и договарање. Ваквиот принцип е основа и за делување на Економско- социјалните совети.

Пленарната седница ја водеше и претседаваше претседавачот на РСС Солидарност за оваа година, Душан Семолиќ, претседател на Сојузот на синдикатите на Словенија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.