Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО РАМКИТЕ НА ТВИНИНГ ПРОЕКТ: ПОНАТАМОШНО ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА РАЗВОЈ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ

10.5.2017

На ден 10 мај 2017 година, во Скопје, се одржа работилница за развивање на Протоколот за соработка за Националната рамка на квалификации во рамките на Твининг Проектот финансиран од ЕУ: Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации.

Работилницата ја отвори Наташа Јаневска, лидер на проектот од земјата- корисник, Министерство за образование и наука, додека пак Џули Кавано, краткорочен експерт, Шкотска рамка за кредити и квалификации даде осврт за развојот на протоколот како и резиме на испратените коментари.

На работилницата присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски кој од името на ССМ ги образложи активностите и предлозите во смисла на реализација на развивање на протоколот за соработка за Националната рамка на квалификации.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.