Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ЕСС

 

Слика 1. Одржана 31вата седница на ЕСС

 

На 22.6.2016 година, во просториите на Министерството за труд и социјална политика се одржа 31вата седница на Економско- социјалниот совет (ЕСС), на која беа разгледани најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување, со кој се овозможува продолжување на проектот „Македонија вработува“ за уште една година со поволностите што беа предвидени во  претходниот проект „Македонија вработува“.

Економско социјалниот совет го поддржа пакетот закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, со кој се предвидува вработување меѓу 15 и 20 илјади лица.

- Пакетот закони е поддржан од сите социјални партнери во рамки на социјалниот дијалог што континуирано го водиме и со организациите на работодавачи и со претставниците на работниците. Едногласното прифаќање на пакетот на закон за реализација на проектот „Македонија вработува 2“ наиде поради фактот на позитивните ефекти што ги има и од аспект на работодавачите, односно организациите на работодавачите, застапниците на интересите на приватните компании и од аспект на претставниците на работниците, односно синдикатите, рече министерот за труд и социјална политика на прес-конференцијата Диме Спасов. Според него најпозитивни ефекти има поголемата помош и поддршка на невработените граѓани, односно на повеќе ранливи категории или пак на групи невработени лица кои во минатото беа помалку конкурентни на пазарот на труд и на кои со овој пакет закони со проектот „Македонија вработува“ им се дава поголема поддршка, поголема стимулација за приватните компании да отворат нови работни места, голема заштеда на средства за отворање нови работни места, како и намалување на сивата економија.

Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на седницата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски оцени дека фактот што сите социјални партнери дадоа поддршка на пакетот вклучително и ССМ ја промовира оценката дека станува збор за исклучително значаен проект, кој овозможува обезбедување континуитет во борбата против невработеноста и поттикнување на вработувањето со конкретни мерки кои даваат резултати. Претседателот на ССМ, исто така, посочи дека според анализата во текот на изминатиот период, проектот даде исклучителни резултати со овозможување  вработување на 19 до 20 илјади лица.

- Проектот е значаен заради тоа што обезбедува и други дополнителни цели - го обезбедува поттикнувањето на вработувањето, елиминирање на нелојалната конкуренција која е присутна насекаде па и кај нас. Посебно значајна компонента е што ние како синдикат долго време се боревме како и на кој начин да обезбедиме егзистенција за повозрасната категорија работници, на работници кои претходно нивните претпријатија како резултат на притисокот на транзицијата и на приватизацијата заминале во стечај. Значи, се овозможува вработување на таа исклучително ранлива категорија на повозрасни работници, рече Митревски.

Тој додаде дека проектот обезбедува и социјално економска сигурност на социјално ранливите категории и на инвалидните лица преку нивно вработување, а се регулираат и односните во пазарот на трудот.

Претседателот Митревски ги повика работодавачите да ги искористат мерките како би можеле заеднички да се обезбеди натамошен поуспешен живот на граѓаните и работниците.

Проектот доби поддршка и од Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, како и од Сојузот на пензионерите на Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.