Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ССМ и УТВРДЕН ПРЕДЛОГ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ

Во насока на транспарентност на постапката за подготовка на Вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ве инфомрираме дека на 25.10.2017 година Сојузот на синдикатите на Македонија ја одржа својата 22 седница на Претседтелството на ССМ, на која покрај другото, како точка на Дневниот ред беше Предлог – Одлука за предлог за кандидати за Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија за Вонредниот Конгрес на ССМ кој ќе се одржи на 11.11.2017 година.

Согласно Одлуката за распишување на вонредни избори за избор на Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија бр.02-372/4 од 13.10.2017 година, рокот за доставување на предлози за кандидат за Претседател на ССМ беше до 25.10.2017 година, односно, до седницата на Претседателството на ССМ. Доставувањето на предлозите за кандидат за претседател на ССМ е во согласност со Критериумите за предлагање и избор на членови на органите и носители на функции во ССМ бр.0201-49/7 од 11.2.2015 година донесени за предходниот 19 Конгрес на ССМ одржан на 21.5.2015 година.

Во предвидениот рок беа доставени: предлог за кандидат за Претседател на ССМ од СУТКОЗ  бр.0302-242 од 20.10.2017 година со програма за работа и CV,  Известување од УПОЗ бр.0302-354/1 од 24.10.2017 год, како и Известување и Барање за поддршка од МПС бр.0302-1049 од 18.10.2017 година со CV.

Согласно горе наведеното Претседателството на ССМ расправаше за тројцата кандидат за Претседател на ССМ во насока дали истите ги исполнуваат горенаведените критериуми.

1.Предлогот за кандидат за Претседател на ССМ доставен од СУТКОЗ со кој за кандидат за Претседател се предлага Дарко Димовски, претседател  на СУТКОЗ и в.д Претседател на ССМ беше поддржан од 12 Грански синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија:

1.Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ(СУТКОЗ);

2.Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП);

3.Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјалназаштита на РМ;

4.Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ);

5.Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР);

6.Самостоен Синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија;

7.Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ);

8.Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ);

9.Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ);

10.Синдикат на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ);

11. Мултиетнички синдикат за образование на РМ (МЕСО) и

12.Синдикат на одбраната и безбедноста (СОБ)

односно од 2/3 од синдикатите здружени во ССМ во кои членуваат 43.288 членови.

2.По известувањето од УПОЗ за предлог за можен кандидат за Претседател за ССМ со кое се кандидира Пецо Грујовски, Претседател на УПОЗ поддршка имаат дадено 5 Грански синдикати здружени во ССМ:

1.Синдикат на работниците од управата, правосуднитеоргани и здруженија на граѓани наРМ (УПОЗ);

2.Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат);

3.Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ);

4.Синдикат на работницитеод шумарство,дрвна индустрија и енергетика на РМ и

5.Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ))

односно 16.053 членови на наведените синдикати.

3.Предлогот за кандидат за Претседател на ССМ од МПС донесен на седница на Извршното биро на МПС на 18.10.2017 година со кој се кандидира Ацо Антовски за кандидат за Претседател на ССМ е поддржан од 1 синдикат здружен во ССМ (Македонски полициски синдикат (МПС) односно само од неговиот матичен синдикат во кој членуваат 6882 членови.

Поддршките и предлозите за кандидати за Претседател на ССМ од страна на Гранските синдикатите се усвоени на нивните највисоките органи.

 

Согласно точка 1, алинеа 7 од  Критериумите за предлагање и избор на членови на органите и носители на функции во ССМ бр.0201-49/7 од 11.2.2015 година  предвидено е дека „ - покрај другите критериуми, при утврдувањето на листата на кандидати за претседател на ССМ, кандидатите треба да бидат поддржани од синдикатот од кој што се предлага кандидатот како и најмалку од една третина (1/3) од синдикатите здружени во ССМ и во кои членуваат повеќе од 1/3 од членовите на синдикатите здружени во ССМ.

Еден синдикат здружен во ССМ предлага по еден кандидат за претседател на ССМ.“

Врз основа на предлозите,дискусијата и исполнувањето на условите согласно Критериумите,  Претседателството на ССМ на седницата на 25.10.2017 година, утврди дека само Предлогот за кандидат за Претседател на ССМ, доставен од СУТКОЗ, со кој за кандидат за Претседател на ССМ се предлага Дарко Димовски, ги исполнува во целост потребните критериуми за утврдување на Предлог за кандидат за Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Предлогот за кандидат за Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија согласно постапката и актите на ССМ  ќе биде доставен до Советот на ССМ  на седницата закажана за 3.11.2017 година.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.