Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Организација поставеност и структура

Сојузот на синдикатите на Македонија  - ССМ е организација во која доброволно и врз демократска основа се здружуваат синдикатите. ССМ ги обединува и ги застапува заедничките општествени, економски, социјални и културни интереси на здружените синдикати.

Во ССМ се здружуваат следниве синдикати:

  • Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат);
  • Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство,  занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ);
  • Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП);
  • Синдикат на работниците од управата, правосудните  органи и здруженија на граѓани на  РМ (УПОЗ);
  • Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална  заштита на РМ;
  • Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ);
  • Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР);
  • Самостоен Синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија;
  • Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ);
  • Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ);
  • Македонски полициски синдикат (МПС);
  • Синдикат на поштенските и телекомуникациските  работници на Македонија (СПТРМ);
  • Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ);
  • Синдикат на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ);
  • Синдикат на работниците  од шумарство,  дрвна индустрија и енергетика на РМ;
  • Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ);
  • Синдикат на одбраната и безбедноста  (СОБ)
  • Мултиетнички синдикат на образование (МЕСО)

ССМ има Програма за работа.

ССМ е самостоен и независен од државните органи, работодавачите, политичките партии, верските заедници и другите организации.

ССМ се залага за изградба на социјална, правна и демократска држава, за социјална правда, солидарност, хуманост и социјален и економски развој на РМ.

Работниците доброволно се зачленуваат во синдикатите.

Синдикатите здружени во ССМ за остварување на своите цели и задачи формираат синдикална мрежа, што се регулира во нивните статути.

Синдикатите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија се должни да го почитуваат Статутот на ССМ и да ги спроведуваат неговите одлуки.

Статутите и другите акти на синдикатите не можат да бидат во спротивност со овој  Статут.

ССМ, во остварување на своите цели и задачи ги користи сите средства и форми  на синдикална борба во рамките на Уставот и законите на Република Македонија, овој Статут и општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право (конвенции и препораки), особено оние што се однесуваат на остварувањето на правата на работниците и нивното организирање во синдикати.

 

Името на организацијата е: Сојуз на синдикатите на Македонија.

Во меѓународната комуникација, ССМ го користи називот: FEDERATION OF TRADE UNIONS OF MACEDONIA (FTUM)

ССМ е правно лице.

Седиштето на ССМ е во Скопје, Булевар „12 Mакедонска бригада”, 2-A.

Симболи на ССМ се: знак, грб и знаме.

Цели и задачи на ССМ

Основни цели и задачи на ССМ се:

Во општествено-политичката област:

  • изградба и обезбедување демократска, правна и социјална држава;
  • следење на спроведувањето на законите и другите прописи што се однесуваат на правата на работниците и колективните договори и применување на меѓународните конвенции, директиви и други препораки;
  • институционално остварување на уставното право на управување и учество во одлучувањето врз основа на трудот;
  • застапување на заедничките интереси на работниците во институциите на системот со директно учество или преку поднесување барања, иницијативи, предлози и мислења;
  • остварување и унапредување на образовните, културните и научните интереси на работниците.

Во економско-социјалната  област:

  • економско-материјална сигурност и подобрување на општествено-економската и социјалната положба на работниците, економски развој, економска и социјална политика и политика на плати;
  • утврдување  на колективното договарање на ниво на држава;
  • учество во подготовката на закони од социјално-економската сфера преку соодветни институционални форми на дејствување;
  • подобрување на условите за работа, животната средина и здравјето на работниците;
  • заштита при работа и правата стекнати врз основа на работа;
  • вработување и материјално обезбедување за време на невработеност;
  • пензиско, инвалидско и здравствено осигурување;

Во синдикалното организирање и дејствување:

  • развивање на ССМ како организација на здружените синдикати;
  • изградување на заедничка стратегија на дејствување на  ССМ;
  • развој на меѓусебна солидарност, единство и координација меѓу здружените синдикати во ССМ;
  • остварување заштита на синдикалните права и слободи и независност на синдикалното движење;
  • користење на средствата на синдикална борба, вклучувајќи го и правото на протест и штрајк.
  • правна заштита од работен однос преку застапување на членовите на синдикатите пред надлежните судски и други институции;
  • заштита од било која форма  на притисок и дискриминација, а особено врз основа на национална, верска, сексуална, полова, партиска и друга припадност;
  • развивање и остварување на синдикалното образование и обука;
  • развивање меѓународна синдикална соработка врз основа на заедничка платформа;
  • развивање на соработката со синдикатите во земјата и странство;
  • обезбедување јавност во работењето и развивање информативно-пропагандни активности и афирмација на синдикалната политика и активност во пошироката јавност;
  • остварување  други заеднички цели и интереси.
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.