Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОРГАНИЗИРАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАПАС И ПЕНЗИСКИТЕ ДРУШТВА

25.6.2019

Слика 1. Претставници на ССМ, МАПАС и пензиските друштва

Денес, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се организираше работна средба помеѓу претседателите на гранковите синдикати здружени во ССМ, и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателите на Управните Одбори на трите пензиски друштва  - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Весна Стојановска, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Мира Шекутовска и ТРИГЛАВ пензиско друштво АД Скопје, Војдан Јорданов.

На работната средба свои обраќања имаа претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, како и претседателите на Управните одбори на пензиските друштва. Во понатамошната расправа се вклучија и претседателите на гранските синдикати здружени во ССМ.

Идејата за средбата произлегува од потребата за поголемо и подетално информирање на вработените, членови на синдикатите и воедно членови на еден од пензиските друштва во вториот пензиски столб, за висината и текот на нивната пензиска заштеда, која треба да им обезбеди посигурни пензионерски денови.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.