Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА Р. ФРАНЦИЈА

Денес во проториите на ССМ В.д Претседателот на ССМ м-р Дарко Димовски оствари  работна средба со Н.Е Амбасадорот на Р. Франција во Р. Македонија, г-динот Кристијан Тимоние.

На средбата меѓу другото се дискутираше за идната заедничка соработка во делот на синдикалното организирање на работниците кои работат во француските компании во Република Македонија.

Воедно, Амбасадорот Тимоние беше запознаен со социо-економската положба на работниците во Република Македонија, улогата на ССМ во заштита на работничките права, потпишувањето на Колективни договори и сл.

Исто така Амбасадорот Тимоние беше запознаен и со подготовките за претстојниот Вонреден Конгрес на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.