13.11.2018
Денес, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се оствари средба со високи претставници на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјата, предводени од Јасмин Рахман, шеф на мисијата на ММФ.
На состанокот од страна на претседателот на ССМ, Дарко Димовски беа претставени активностите на ССМ во изминатиот период во делот на спроведување на социо- економските политики, а посебен акцент беше ставен на заложбите на ССМ за зголемување на минималната плата, спроведување на социјалниот дијалиог, вклученоста во процесот за подготовка на нов Закон за работни односи, како и активните мерки и политики за вработување.