Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

По 11 години на барање на СУТКОЗ, ЈП Водовод и канализација – Скопје исплатува регрес за користење на годишен одмор

Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва - (СУТКОЗ)  и ЈП Водовод и канализација – Скопје на барање на СУТКОЗ, потпишаа спогодба за исплата на регрес за годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година. 

Слика 1. Претседателот на СУТКОЗ, м-р Дарко Димовски и Директорот на ЈП Водовод и Канализација - Скопје, Душко Весковски

Со оглед на фактот што во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можностите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП Водовод и Канализација - Скопје и СУТКОЗ, во наредниот период ќе биде исплатен регресот за годишен одмор за наведените години.

Претседатетелот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, истакна дека се преговара и со другите комунални претпријатија кои не исплатиле регрес за годишен одмор во изминатите години, а кој им следува на работниците согласно Колективниот договор за комунални дејности истиот да биде исплатен.

Претседателот на СУТКОЗ изрази задоволство од разбирањето и почитувањето на работничките права утврдени во Колективниот договор од страна на  Директорите на комуналните претпријатија. 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.