Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПО ПРЕДЛОГ НА ССМ, НЕДЕЛА СТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН

Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажа дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници.

По пат на Социјален дијалог со Влада на Република Северна Македонија успеавме да го обезбедиме ова право на работниците.

Претседателот на Владата, Зоран Заев пред малку изјави дека Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден! 

Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ во изминатиот период повеќе пати предлагаше ден на неделен одмор да биде недела. 

Прифатениот предлог од страна на Владата, ССМ смета дека претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности.

Заедно стануваме пример за унапредување на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.