Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПО ЗАЛОЖБА НА ССМ, ПРЕДВРЕМЕ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СРЕДСТВАТА ПРЕДВИДЕНИ КАКО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ИСТИТЕ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ НА ТРЕЗОРОТ, СЕ ПУШТЕНИ НА СМЕТКИТЕ НА ПОВЕЌЕ ТЕКСТИЛНИ КОМПАНИИ

По пат на Социјален дијалог, кој се водеше денеска помеѓу претставниците на Владата, Премиерот Оливер Спасовски, Министерот за финансии, Нина Ангеловска и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, предвреме, обезбедени се средствата предвидени како финансиска поддршка од Државата за компаниите од текстилниот сектор и истите пред затворање на трезорот, се пуштени на сметките на повеќе текстилни компании.

Апелираме до работодавачите од текстилните компании веднаш по добивањето на финансиската поддршка од Државата, да ги исплатат платите на текстилните работнички и работници во реален износ.

Добриот Социјален дијалог, помеѓу Владата, претставувана од Премиерот Оливер Спасовски и Министерот за финансии, Нина Ангеловска и претставниците на работниците односно Сојузот на синдикатите на Македонија, претствуван од Претседателот Дарко Димовски, уште еднаш се покажа како клучен за надминување на проблемите со кои се соочени работниците.

Го поздравуваме ваквиот начин на решавање на проблемите и се надеваме дека истиот ќе продолжи и во иднина.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.