Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Поддршка на ЕТУЦ за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ на Република Северна Македонија

Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ) и Пан-европскиот регионален совет на Меѓународната конфедерација на синдикати (ПЕРК) го повикуваат Европскиот совет, на состанокот утре, да го одобри започнувањето на пристапните преговори со Република Северна Македонија и Албанија – исправајќи ја погрешна одлука што е направена во октомври 2019 година.

„Во интерес на ЕУ, е Република Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување кон ЕУ“, изјави генералниот секретар на ЕТУЦ и ПЕРК, Лука Висентини. „Европската комисија вели дека и двете држави ги исполнуваат условите за започнување на процесот. Отворањето на преговорите може да ги натера двете држави подобро да се справат со предизвиците со кои се соочуваат, особено во однос на обезбедување на пристојна работа, почитување на законот, корупција, ниски плати и високи нивоа на неформална работа.

„Апелираме лидерите на Европската унија да ја донесат вистинската одлука и да одобрат започување на преговори за членство. Исто така, потенцираме дека фокусот треба да се стави и на човековите, социјалните и работничките права и дека синдикатите се составен дел на тој процес.

„Го повторуваме нашиот повик до Европската комисија да ја подобри неодамна реформираната политика за проширување на ЕУ, со тоа што ќе обрнеме поголемо внимание да им помогнеме на овие земји да се придвижат кон целосна имплементација на Европскиот столб за социјални права и развојните цели на ООН 2030, со целосно вклучување на синдикатите преку социјален дијалог.

„Ги повикуваме лидерите на Република Северна Македонија и Албанија да ги почитуваат основните човекови и работнички права во согласност со нивните меѓународни обврски, да обезбедат владеење на правото и да го промовираат Европскиот социјален модел, а особено да ја почитуваат клучната улога на синдикатите и работодавачите во градењето одржливи, инклузивни и демократски општества“.

https://www.etuc.org/en/pressrelease/unions-support-eu-accession-negotia...

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.