Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОДДРШКА НА КАМАЊАТА НА ИТУЦ "СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ ВО СВЕТОТ НА ТРУДОT"

 

14.2.2018

Слика 1. Лого на Кампањата

Сојузот на синдикатите на Македонија дава поддршка на Кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати и активно се вклучува во глобалната активност за поддршка на Конвенцијата и Препораката на МОТ за „Спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот“ која започнува денес, 14.2.2018 и истата ќе трае 23 дена сѐ до 8.3.2018 година.

Кампањата има за цел:

1. Градење на критична маса за поддршка за усвојување на Конвенцијата на МОТ со Препораката за „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот “, со посебно внимание на родовата димензија на насилството;

2. Мобилизација и зајакнување на синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство во светот на трудот.

Синдикатите со години лобираат за усвојување на Конвенцијата на МОТ за спречување на родовото насилство. Кон крајот на 2015 година, МОТ го објави почетокот на процесот на определување стандард за „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.

Првите дискусии ќе се одржат на 107-та седница на Конференцијата на МОТ во јуни 2018 година. Во подготовките на дискусиите, МОТ одржа состанок со експерти за да се спречи насилството врз жените и мажите во светот на трудот.

ССМ се приклучува кон оваа Кампања и ќе лобира до Владата на Република на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија за да го поддржат усвојувањето на Конвенцијата на МОТ со Препораката за „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“, на 107-та седница на Конференцијата на МОТ, која ќе се одржи во јуни 2018 година.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк:

https://www.ituc-csi.org/gender-based-violence?lang=en

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.