Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Поддршка од ЕКС: Самит ЕУ- Западен Балкан, потребна е позитивна порака за пристап кон ЕУ

Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС) го поздравува претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб кој ќе се одржи денес. Но, и покрај неодамнешната позитивна одлука за отворање преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, недостасува поширока порака за позитивните изгледи за иднината на процесот на пристапување кон ЕУ на Западен Балкан.

Се надеваме дека Самитот ќе го зајакне политичкиот дијалог и социо-економската соработка меѓу ЕУ и регионот и ќе покаже солидарност и заеднички напор во справувањето со пандемијата COVID-19.

Лидерите на ЕУ, признавајќи го напредокот што регионот го постигна во минатото и разменувајќи погледи за соработка за решавање на кризата СОВИД-19, треба исто така да ја потенцираат и потребата за политички и економски реформи, придонесувајќи за просперитет и безбедност во регионот и во цела Европа. ЕКС ги повикува лидерите на Западен Балкан да прифатат дека социјалниот дијалог со синдикатите и работодавците, колективното договарање, учеството на работниците и стандардите за безбедност и здравје при работа играат суштинска улога во одговорот на кризата и во економскиот раст.

Генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини изјави: „Добро е што Самитот оди напред, но ЕУ треба да даде јасна и позитивна порака за изгледите за пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан“.

„ЕКС ја повикува Европската комисија да изготви стабилен економски и инвестициски план за регионот за зајакнување на економиите и создавање работни места, зајакнување на нивното здравје и јавни услуги и подобрување на квалитетот на работата и животот на луѓето од Западен Балкан“.

За да се постигнат овие цели, ЕКС ги повикува лидерите на земјите од ЕУ и Западен Балкан да ги следат препораките на ЕКС за справување со COVID 19 и нејзиното катастрофално влијание врз работните места и вработувањето, вклучително и целосно вклучување на синдикатите од Западен Балкан и работодавачите во креирањето и спроведувањето на стратегии за обнова и развој.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.