Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ССМ ВО КУМАНОВО

ССМ останува да биде главен заштитник на работничките права преку правната заштита која е сигурност на работничките права.

Со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија технички ги опремува регионалните канцеларии преку кој ССМ, обезбедува правна заштита на работниците.

Поради состојбата со Ковид-19,како и потребата од поголема достапност и поврзаност со работниците во овие сложени услови, од страна на Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на Секретарот во Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Куманово, Мике Спасовски, му беше предадена компјутерска опрема која ќе послужи за поефикасно и понавремено завршување на работните задачи при овозможување на правна заштита.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.