Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Посета на ССМ на пратеници на германскиот парламент

23.8.2018

На 23.8.2018 година во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работна средба помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и висока делегација од Германија предводена од пратениците на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ и Мартин Роземан. На оваа средба присуствуваше и директорката на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, Ева Елерајт, координаторот на ФЕС Скопје, Милан Живковиќ, претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска, како и претставници на младински организации и членови на синдикати од Германија.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ги информираше присутните за моменталните активности на Сојузот на синдикатите на Македонија, со посебен акцент на предлог текстот за нов Закон за работни односи и нов Закон за синдикати, организации на работодавачи и колективно преговарање истакнувајќи ги ставовите на ССМ по тие прашања, преземените мерки од страна на новото раководство на ССМ по Вонредниот конгрес, во насока на враќање на ССМ на вистинскиот синдикален пат, демократијата, зголемување на членството и враќање на довербата во синдикатите. Претседателот Димовски ја потенцираше и важноста од продлабочување на соработката на ССМ со германските синдикати, како и со Фондацијата Фридрих Еберт во смисла на размена на искуства и добри пракси со колегите од Германија.

Исто така на состанокот претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска ги запозна присутните со начинот на функционирање на Секцијата на млади и ја презентираше Акционата програма на СМССМ.

Она што беше потенцирано од страна на претставниците на делегацијата од Германија е можноста за отворената заедничка соработка и поддршката на активностите на ССМ за враќање на довербата и подобрување на имиџот на синдикатите.  

Фото галерија

 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.