Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОСЕТА НА ССМ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ВИЕНА

Денеска, Сојузот на синдикатите на Македонија го посетија група на студенти од Институтот за политички науки на Универзитетот во Виена, предводени од нивниот професор на политички науки Роман Пферле.

Тие беа на студиска посета во Македонија, како дел од нивната програма за студирање „Посета на определена земја и запознавање со политичките односи во неа“, и оваа средба беше договорена заедно со Сојузот на синдикати на Австрија (OGB).

Покрај тоа што беа заинтересирани за политичкиот систем во Македонија од независноста до сега, пристапот кон Европската унија и парламентарни избори во декември, за што имаа можност да разговараат со политичари, академици и новинари, беа заинтересирани и да дознаат повеќе за улогата на синдикатите во Македонија, соработката (или не) со Владата и социјалните партнери.

Слика 1. Претседателотна ССМ, д-р Митревски на средбата

Токму поради тоа, беа примени и разговараа со претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.

На средбата од страна на претседателот на ССМ, им беше претставена сликата за состојбата со синдикалното движење во Македонија, беа презентирани најновите состојби во однос на измените на законската регулатива во поглед на работното законодавство, како и им беа презентирани потешкотиите со кои во моментот се соочува ССМ, како и идните планови за отворање на Синдикалниот едукативен центар.

Студентите и професорот ја изразија својата благодарност за приемот и заинтересираност за идна можна соработка на проекти заедно со ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.