Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАНА СПОГОДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија имајќи ги во предвид последиците од елементарната непогода случена на 6.8.2016 година, а во знак на обезбедување на можност за конкретно обезбедување и справување со последиците од оваа несреќа, а со цел за обезбедување на правото на работниците за користење на слободни денови ја потпишаа спогодбата за Изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која бројот на користење на слободни денови по основ на елементарна непогода од 3 дена се зголемува на 7 дена, а исто така дадена е можност бројот на слободни денови дополнително да може да се зголеми со тоа што во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата на РМ или друг надлежен Орган или Институција, работодавачот може на работникот кој работи во правните субјекти односно живее во подрачјата погодени од временските или елементарни непогоди да му одобри и поголем број на слободни денови за периодот кој е опфатен согласно Одлуката за прогласување на вонредна  или кризна состојба поради елементарни или друг вид на непогоди, донесена од страна на Владата на РМ или друг надлежен Орган или Институција.

Со ваквите Измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството , ССМ и ОРМ како најрепрезентативни Социјални партнери од приватниот сектор најнепосредно покрај останатото ја изразија спремноста да се вклучат во справување со последиците од елементарните непогоди.

Исто така ССМ и ОРМ напоменуваат дека за спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот трудов инспекторат. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.