Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Потпишана спогодба за повисоки плати во здравството

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу Министерот за здравство, Венко Филипче, Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски.

Слика 1.  Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, м-р Дарко Димовски, Министерот за здравство, Венко Филипче и Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

Средбата беше по повод потпишувањето на Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност и на истата присустуваа и членовите на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Слика 2. Членовите на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

Потпишувањето на Спогодбата претставува потврда за добар и успешен социјален дијалог меѓу социјалните партнери, а за Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита значи уште поголема придобивка по основ на платите на вработените и покачување  кое се однесува за сите вработени во здравството.

Ваквата активност на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита претставува уште една потвртда на континуираните заложби на синдикатите здружени во ССМ и на ССМ за унапредување на работничките права преку Социјален дијалог со социјалните партнери.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.