Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА РАКОВОДСТВОТО НА БАРГАЛА АД ШТИП

Сојузот на синдикатите на Македонија го потсетува раководството на Баргала АД Штип дека денес ( 25.09.2020 година)  е последен ден за исплата на плата и застанатиот дел од платата утвредено со Спогодбата потпишана на 1 септември 2020 година.

Доколку раководството не ги преземе сите напори за исплата согласно договореното во Спогодбата,  ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, истакнува Дарко Димовски, Претседател на ССМ

Со спогодбата беше договорено на работниците да им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата во месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за 3 месеци по 30%, како и разликата на плата од 10% која била помалку исплатена за месец февруари.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.