Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС СТРУЧНА ЕКСПЕРТИЗА ВО РАЗВОЈ НА ВРАБОТУВАЊЕТО НА ЛОКАЛНО НИВО

 ВОВЕД И ИСТОРИЈАТ

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните актери во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош е канализирана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, што се финансира од Европската унија и се спроведува од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е да се подобри социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Проектот се состои од три посебни компоненти, поточно:

Посебна цел 1Зајакнато учество на ЕСС во обликувањето на националната програма за економски и социјални реформи

Посебна цел 2Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирањето и спроведувањето на локалните политики за вработување

Посебна цел 3Зголемена ефективност на синдикатите и организациите на работодавачите

 

Република Северна Македонија се соочува со сложени предизвици на пазарот на трудот, особено во однос на ниското учество на младите луѓе во работната сила (32,8 проценти; 23,4 проценти за младите жени), во комбинација со висока невработеност кај младите луѓе (46,7 проценти; 48,6 проценти за младите жени).

Во 2017 година, стапката на вработеност во Северна Македонија изнесуваше 50,5 проценти, највисока стапка забележана по 2006 година, но сепак далеку од просечната стапка во ЕУ (71 проценти) или целната стапка од 75 проценти што е утврдена во стратегијата Европа 2020 (тековната агенда на ЕУ за раст и работни места). Кај мажите постои поголема веројатност за вработување (60,5 проценти) во споредба со жените (40,3 проценти).

Еден од пристапите што може да помогнат да се идентификуваат решенија за специфичните предизвици на пазарот на труд во Северна Македонија се Локалните партнерства за вработување (ЛПВ), што се користеа и во Европската Унија кон крајот на 1990-ти години и во раните 2000-ти години, како и неодамна во земјите од Западен Балкан.

ЛПВ работат со луѓе и организации (вклучувајќи го приватниот сектор) на локално ниво на идентификувањето адекватни решенија за предизвиците на локалниот пазар на труд. Во Северна Македонија, локалните Економско-социјални совети (ЛЕСС) служат како платформи за договарање на овие партнерства и за нивното спроведување. Како резултат на сеопфатен процес на оценување и селекција, врз основа на Повик за изразување интерес, шест општини со функционални ЛЕСС беа избрани за втората фаза на развојот на ЛПВ, имено БИТОЛА, КУМАНОВО, СКОПЈЕ, СТРУМИЦА, ТЕТОВО и ВЕЛЕС.

Повеќе информации можете да најдете на: https://socijalendijalog.mk/call-for-expression-of-interest-professional-expertise-in-the-field-of-local-employment-development/?lang=mk

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.