Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

 

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА

ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

 

 

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Во повеќе извештаи за напредокот од Европската комисија се укажува на потребата за натамошен развој на социјалниот дијалог меѓу главните актери во економијата. Во оваа насока, Меѓународната организација на трудот и помага на земјата во нејзините напори за унапредување на социјалниот дијалог како суштински елемент на Европскиот социјален модел, што ги промовира конкурентноста, споделувањето на користите и зајакнувањето на економскиот просперитет и социјалната добросостојба. Оваа помош е канализирана преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, што се финансира од Европската унија и се спроведува од Меѓународната организација на трудот.

Општата цел на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку зајакнување на институциите и законодавството, како и со активности насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните засегнати страни за нивна ефективна вклученост во социјалниот дијалог. Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено:

 

Конкретна цел 1

Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за

економско-социјална реформа

Конкретна цел 2

Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локални политики за вработување

Конкретна цел 3

Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на

работници

 

Компонента 1 има за цел подобрување на функционирањето и видливоста на ЕСС преку развивањена методи за зголемување на влијанието на ЕСС и надминување на предизвиците со финансирање, давање мислења и следење на последователните активности од препораките/мислењата/советите. Со активноста ќе се олесни националното размислување околу потребните промени во тековните законски и институционални рамки на ЕСС и ќе им се помогне на трипартитните чинители во процесот на барање соодветни решенија за тековните законски и практични тесни грла.

 

 

Повик за изразување интерес во рамките на Компонента 1:

Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа

 

Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални консултанти и/или консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:

Активност

Детални податоци за задачата

Временска рамка

Проценет број денови

1.1.2 Социјален дијалог за целите за одржлив развој и приоритетите од законодавството на ЕУ (EU acquis)

 

Активноста е наменета за членовите на Економско - социјалниот совет, за носење на поинформирани мислења и препораки во однос на предизивиците во иднината на работата и имплементацијата на   законодавството на ЕУ (EU acquis) и целите за одржлив развој.

 

Консултантот/организацијата ќе го одбезбеди следново:

  • Анкета за проценка на степенот на знаење кај членовите номинирани за ЦОР;
  • Извештај за анализата на резултатите од анкетата;
  • Врз основа на резултатите од анкетата, програма за дводневна обука за целите за одржлив развој наменета за членовите на Економско - социјалниот совет;
  • Спроведување на дводневна обука на тема цели за одржлив развој (вклучувајќи индикатори и цели од ЦОР).

Очекувани производи: анкетен прашалник; извештај врз основа на спроведена анкета; програма за обука

ноември - декември 2019

10

 

 

Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми

Надворешните консултанти и/или консултантските фирми заинтересирани за соработка со ИПА проектот за Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува МОТ, во горенаведените области на експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 30 октомври 2019 година на следниве е-адреси: simjanoska@ilo.org ; kalenzis@ilo.org и jovanovska@ilo.org.

 

 

 

Услови за квалификуваност:

- Искуство во соодветната област на експертиза;

- Универзитетска диплома

- Одлично познавање на англискиот јазик и познавање на соодветната стручна терминологија;

- Силни аналитички вештини и практично искуство во слична област;

- Способност за справување со текот на информациите и почитување крајни рокови и обврски;

- Соодветна банкарска сметка за трансфери од странство.

 

Консултантските компании треба да го достават следново:

- Пропратно писмо (краток преглед за компанијата)

- Претходно искуство во соодветната област

- Список референци

 

Индивидуални кандидати треба да го достават следново:

- Кратка биографија (ЦВ)

- Краток опис со објаснување дека имаат соодветно професионално знаење и искуство да учествуваат во споменатата проектна активност

 

Согласно правилата на МОТ за проекти, државни службеници не може да се ангажираат како

експерти. МОТ го задржува правото да прифати или одбие каква било апликација. Изборот на

кандидати ќе биде согласно проектните процедури на МОТ.

 

Ќе се контактираат само избраните кандидати.

Сите кандидати избрани за одредена проектна задача ќе добијат детален опис на истата наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со МОТ за соодветната задача со определена временска рамка; ова во ниеден случај не подразбира постојано вработување во МОТ или очекување за истото.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.