Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРАВО НА НАЈМАЛКУ 7 ДЕНА ПЛАТЕНО ОТСУСТВО НА РАБОТНИЦИТЕ

По прогласувањето на Вонредна состојба на територијата на целата Држава, ги информираме работниците дека согласно член 42 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работниците имаат право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината, а покрај другото и за елементарни непогоди до 7 дена согласно Спогодбата за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството од август 2016 година.

Дополнително со Спогодбата е предвидено дека во случај на прогласување на вонредна состојба  или кризна состојба или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата или друг надлежен Државен орган или институција работодавачот може на работникот да му одобри и поголем број на слободни денови.

Работниците ги информираме за правото кое согласно Општиот колективен договор им е загарантирано, а апелираме до сите работодавачи да ја почитуваат и применуваат оваа одредба од Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Напоменуваме дека отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа.

 

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.